Бои во домот што ќе ве ослободат од стресот

Сите знаеме дека изгледот на нашите домови може да влијае на нашето расположение, а боите играат клучна улога во овој процес. Така, на пример, црвената го зголемува стресот, додека зелената и белата боја го намалуваат. 

Cuvstvuvate stres Ukrasete go vasiot dom so ovie boi 01

При украсување на ентериерот, генерално „играме“ на безбедни комбинации на бои за нашиот дом да изгледа уредно и компактно. Сепак, некои нијанси се подобри од другите.

Ова се неколку бои што можете да ги користите за украсување на вашиот дом, а кои ќе имаат корисен ефект врз вашето здравје.

Сина

Нежна, суптилна и смирувачка нијанса на сина боја може да го смири вашиот ум, да го намали крвниот притисок, да ја намали вознемиреноста, па дури и да го забави срцевиот ритам. За релаксирачки ефект во спалната или дневната соба изберете ги нијансите на сината боја.

Cuvstvuvate stres Ukrasete go vasiot dom so ovie boi 02

Зелена

Едно истражување потврди дека поминување време во зелени простории влијае на намалување на стресот. Ова веројатно се случува бидејќи луѓето ја поврзуваат зелената боја со природата, која има смирувачки ефект.

Зелената боја, во комбинација со беж или светло жолти тонови, се смета за идеален избор.

Cuvstvuvate stres Ukrasete go vasiot dom so ovie boi 03

Светло розoва боја

Додека енергичните розови нијанси, всушност, можат да го зголемат нивото на стресот, светли, нијанси на розова боја, кои имаат голема доза на бела боја во нив, можат да имаат смирувачки ефект.

Побарајте пастелни нијанси на розова боја, кои нема премногу да го стимулираат вашиот мозок, туку ќе го опуштат.

Cuvstvuvate stres Ukrasete go vasiot dom so ovie boi 04

Бела

Како и зелените простории, белите соби можат да го намалат нивото на стресот. Сепак, суптилните разлики во тонот можат да предизвикаат многу различни реакции.

За да создадете мирна околина, придржувајте се кон чисти, светли тонови и избегнувајте ги оние со темна, жолтеникава или сивкава нијанса.

Cuvstvuvate stres Ukrasete go vasiot dom so ovie boi 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg