Идеи како да го чувате накитот за да не ви биде расфрлан насекаде (фото)
Доколку накитот ви е расфрлан на сите маси и шкафчиња, кутиите ви стојат на различни места и често не можете да си го најдете – време е за организација.
Кога накитот е добро организиран и се чува на соодветно место, никогаш не може да се оштети ниту пак да се изгуби кога во последен момент пред излегување ќе решите да барате нешто.
Девојките кои сакаат накит, посебно оние кои поседуваат многу накит, треба да бидат организирани и да најдат начин како да го чуваат.
На Пинтерест има премногу идеи за тоа како може да го складирате – од цели фиоки со посебни прегради, до мини закачалки на рамки за слики, закачалки за облека или цели делови од мебелот наменети за накит.
Во продолжение погледнете неколку идеи и инспирирајте се:
М. М. | Црнобело