15 едноставни начини со кои ќе му дадете нов и подобар изглед на домот
Не ви треба којзнае колку труд за да создадете дом како оние што ги гледате во списанијата. Малку инспирација и уште помалку пари ви се потребни да направите вашиот дом да изгледа луксузно и сјајно.
- Додајте боја. Бојата е евтин, но многу ефикасен начин да го збогатите просторот без разлика дали сакате да го осветлите или затемните.
- Користете пешкири што ве прават среќни. Здодевните бели пешкири брзо се валкаат и изгледаат евтино. Купете си нови, шарени и весели какви што би нашле во некој луксузен хотел.
- Заменете ги старите украсни перничиња. Материјали и дезени има безброј, играјте си со текстури.
- Прикачете принтови на ѕидовите. Нешто што домот ќе го направи дом. Внимавајте на димензиите и поставеноста, пронајдете шема на интернет.
- Создадете илузија на висок таван. Прозорите имаат влијание на изгледот на целиот простор, па ако имате завеси, нека бидат колку што е можно повисоки.
- Користете огледала за визуелно да создадете повеќе простор. Огледалата може да направат собата да изгледа два пати поголема.
- Исфрлете ги старите и грди предмети. Ако има нешто што ви тежи само што ќе го погледнете, веднаш исфрлете го.
- Полиците користете ги и за други нешта, освен за книги. Врамени фотографии, каталози, украси…
- Имајте тенденција кон неутрални ѕидови. Кога сте во недоумица која боја да ја одберете, знајте дека сива, жолта и крем секогаш изгледаат свежо и во тренд.
- Дајте денар повеќе за централните декорации - поскап лустер, квалитетен тепих или неодолива трпезариска маса.
- Осветлете ја собата. Нема ништо поважно од осветлувањето. Не ги блокирајте прозорите и поставете ѕидни или подни лампи таму каде што е возможно.
- Одржувајте го домот чист. Следете го правилото на „тројката“ - предметите најдобро изгледаат кога се поставени во тројка.
- Формата не е поважна од функцијата. Прекрасната нова софа нема да изгледа така добро кога до неа ќе стигнат вашите деца или кучето.
- Инвестирајте во опрема за тоалетот. Држач за четки за заби, сапун и останати ситници - чинат малку а може да променат многу.
- Истакнете ги дрвените подови. Таму каде што имате можност, ставете дрвен под наместо тепих. Теписите се дом и на најситната прашина и собираат влага од што може да се создаде непријатен мирис.
А. Ш. | Црнобело