Во секој дом има 7 места каде можете да ги складирате предметите

Понекогаш ни се чини дека домот ќе ни пукне ако ставиме уште нешто во него. Но, што да се прави со сите тие предмети од кои не можеме да се одделиме?

vo-sekoj-dom-ima-7-mesta-kade-mozhete-da-gi-skladirate-predmetite-01.jpg

Во секој дом постојат барем неколку места кои стојат неискористени, а кои би биле навистина функционални и практични ако решите да ги искористите нив или просторот наоколу за складирање.

1. Просторот над тоалетната шолја

Иако ретко кој мисли дека може да чува што било над шолјата, размислете да вградите орманче во тој простор што ќе биде доволно високо за да не си ја удирате главата во него. Таму можете да ги чувате резервите тоалетна хартија, освежувачите за воздух, влажните марамчиња за дезинфекција и слични предмети.

vo-sekoj-dom-ima-7-mesta-kade-mozhete-da-gi-skladirate-predmetite-02.jpg

2. Неискористените кратки ѕидови

Ѕидовите кои одделуваат една просторија од друга се најчесто кратки, па ретко кој ја гледа нивната практична страна.

Но, на ѕидот меѓу ходникот и собата можете да наместите мало плакарче за чевли или закачалка за клучевите и лажиците за чевли. На таквиот ѕид во кујната ставете полици доволно широки за тегличките и шишенцата со зачини, чаеви и масла. Опции има премногу.

3. Просторот до и над комодата

Често овој дел од ѕидот стои празен или на него има фотографии и слики. Размислувајте поотворено и ставете полици за вазните и украсите од дома, кои сте ги собирале со години и не сакате лесно да се откажете од нив.

vo-sekoj-dom-ima-7-mesta-kade-mozhete-da-gi-skladirate-predmetite-03.jpg

4. Ѕидовите покрај скалите

Ако имате доволно широки скали, искористете го просторот покрај нив за да поставите полици каде ќе ги сместите книгите и другите ситници за кои нема место во собите.

5. Просторот зад каучите

Тесни орманчиња во кои ќе чувате прекривки, перници или други предмети за кои немате место во плакарите се идеално решение за да се искористи навидум нефункционалниот простор.

vo-sekoj-dom-ima-7-mesta-kade-mozhete-da-gi-skladirate-predmetite-04.jpg

6. Мебел со огледало

Изберете на вратите од вградениот плакар да имате огледало, наместо да го купувате одделно и да размислувате каде да го наместите.

7. Просторот над и под кујната

Често над кујнските елементи има доволно простор за над нив да се смести помал елемент. Чувајте ги таму кујнските апарати и садови кои ретко ги користите. По желба можете да порачате да ви изработат елемент со вратнички, но можете и едноставно да ги ставите предметите горе.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg