Крзненa навлакa за капакот на тоалетната шолја: 3 најужасни грешки во ентериерот од 70-тите
Милје над или под телевизорот - ви враќа спомени од детството и ве фаќа смеа при самата помисла?
На поле модни трендови можеби сте носталгични за некои парчиња од 70-тите од минатиот век, но кога станува збор за уредувањето на ентериер сигурни сме дека работите што биле ИН пред пет децении, денес не ве воодушевуваат.
Едно ново истражување откри кои се најголемите греши во уредувањето на ентериер од пред 50 години:
Крзнени навлаки за капакот на тоалетната шолја
Завеси со монисти
Килими на ѕидовите
Во истражувањето имало 2.000 испитаници, кои токму '70-тите години ги прогласиле за декада со најлоши избори за уредување на ентериер со 38% од гласовите, а 80-тите години се нашле на второто место со 22% од гласовите.
За негативни трендови од минатото биле прогласени и водените кревети, сè што имало животински принт и телевизорите ставени на шкафови, ние тука би додале со „милје“ под или над нив.
С. С. | Црнобело