10 идеи како да добиете „скап“ ентериер со мал буџет
Можеби ви изгледа дека без помош од дизајнер и малку повеќе пари е невозможно домот да ви изгледа луксузно.
Но, сепак постојат едноставни и евтини решенија со кои ќе го добите посакуваниот ентериер.
За домот да изгледа стилски и модерно, не ви се потребни многу пари, само треба да знаете како правилно да ги искористите средствата и кои работи да ги нагласите.
Неколку корисни идеи како да го постигнете тој ефект:
Додадете уметнички дела
Тие ќе го направат просторот поинтересен и ќе привлечат внимание, а сосема е доволна и една уметничка слика, која не мора да биде скапа, но да биде со вкус и да одговара на ентериерот.
Купете свежо цвеќе
Букет со свежи цвеќиња кои одговараат на ентериерот може да биде најдобра декорација, за која не ви се потребни можеби и воопшто пари.
Најдете неколку предмети со винтиџ стил
Овие предмети кои веќе немаат функција може да му дадат вистински уникатен изглед на ентериерот и да му дадете нова намена на предметот.
Одвојте го просторот
Со овие граничници ќе внесете луксузна атмосфера во домот, а тие се поврзуваат со источен шарм и со домовите на јапонските императори.
Може и рачно да се изработи и домот ќе изгледа многу поуникатно, а ќе заштедите и простор.
Внесете светлина во ентериерот
Кога бирате завеси, дајте им предност на оние кои висат од плафонот за просторот да изгледа повисоко.
Зголемете го просторот така што ќе одберете светли бои и плус ќе овозможите во домот да влегува максимално природна светлина.