Едноставни начини да го направите вашиот стан отмено место за живот
Вистинскиот избор на бои, мебел и детали ќе го направи вашиот дом да изгледа отмено и стилски на многу еднсотавен начин.
За елегантен и модерен ентериер не секогаш е потребно „богатство“, доволно е да имате добар вкус и правилно да ги комбинирате работите.
Ќе ставите неколку поинтересни елементи во фокус и вашиот дом ќе изгледа одлично.
Неколку совети кои треба да ги следите во уредувањето за домот да ви изгледа отмено:
„Три“ е магичен број
Собата украсете ја со некој многу впечатлив детаљ. Но, секогаш е подобро кога е повеќе од едно, а 3 е идеално.
Три модерни уметнички слики – купени или пак, сами направете ги со слики од интернет поделени во 3 дела.
Голем тепих
Не е вистина дека големиот тепих е наменет само за големите соби. Ако имате мала соба и сакате визуелно да ја зголемите – неутрални бои, огледало зад гарнитурата и голем пуфкаст тепих се идеални решенија за да го направите тоа.
Малку е повеќе
Преполните полици со книги и украси нема да допринесат вашиот дом да изгледа отмено и уредно. Дизајнерите предлагаат кога ја средувате собата, да не ја претрупувате.
Полиците со по неколку книги и една вазна изгледаат многу поотмено и скапо. Доколку пак имате празен дел во станот, доволно е да го дополните со една впечатлива фотелја и да направите катче за читање.
Одредете фокусна точка со одреден детаљ
Секоја соба има потреба од своја фокусна точка. Доколку во дневната соба немате некој упадлив детаљ кој би го забележал секој на секое влегување, веднаш најдете го.
Голема слика над софата, впечатлива фотелја која ќе се одвојува од сè останато или пак уникатно огледало – изборот е ваш.
Еден ѕид во потемна нијанса
Најевтин и наједноставен начин да му дадете отмен француски изглед на здодевниот простор е да акцентирате еден ѕид во потемна боја.
Природна светлина
Доколку имате таква среќа во домот да ви продира многу природна светлина, на одличен пат сте да го направите просторот модерен.
Светлите простории се синоним за елеганција и отменост, но збогатете ги деловите во просторијата со повеќе перници во различни текстури.
Различни стилови
Во неутралниот простор, идеално е кога ќе додадете боја, текстура и детали кои ќе се разликуваат.
Слободно мешајте различни форми и стилови – на пример комбинација од модерен и ретро стил.
М. М. | Црнобело