Индустриски стил и заоблени форми: Што ќе биде тренд во уредувањето за пролет 2018?
Покрај тоа што сѐ уште сме заглавени во зимските денови, новите трендови полека почнаа да ја најавуваат пролетта.
Благодарение на новиот пролетен каталог на „West Elm“ за 2018-та година малку порано почнавме да го чувствуваме топлиот пролетен воздух во нашиот дом.
Имено дизајнерскиот тим најави дека оваа пролет „ин“ ќе бидат дизајните инспирирани од слоевит облик на архитектура, оригами и сурови елементи од метал и камен.
Инсдустрискиот стил со својата префинетост и оваа пролет ќе влезе на голема врата.
Чистата приказна на напуштените индустриски згради во '60-ите години претставува вистинска инспирација за дизајнерите и уметниците.
Особена популарност ќе достигне минималистичкиот дизајн во скандинавски стил комбиниран со сурови елементи од метал и камен.
Вистински тренд за оваа пролет ќе бидат заоблените форми. Според дизајнерите ововј тренд има тенденција да се задржи подолг период на врвот.
Глобалниот концепт оваа година ќе биде силно инспириран од идејата за патување, а истите ќе бидат изразени во просторот преку топлите бои и мирните детаљи.

С. У. | Црнобело