Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични

Лизгачките врати не нудат никаква изолација, а црниот мијалник се валка многу лесно и ќе треба да го чистите постојано.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-01.jpg

Инстаграм и Пинтерест се инспирација за многумина кога го реновираат или уредуваат домот.

Но, многу поважно од изгледот на домот е неговата практичниот и функционалност.

Постојат трендови за уредување кои навистина изгледаат убаво, но кога ќе размислите, не се воопшто практични.

Дел од нив во продолжение:

Прекинувачи покрај креветот во спалната

Прекинувачот за светилката поставен покрај креветот е практичен за кога ќе си легнете.

Но, ако ставите прекинувач само покрај креветот, ќе си создадете непотребен проблем.

Прекинувачот покрај креветот ќе ви биде потешко достапен, па затоа осигурете се дека ќе ставите и еден покрај вратата.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-02.jpg

Ножеви и тави закачени на ѕидот во кујната

На Инстаграм и Пинтерест можете да најдете безброј фотки од кујни со тави и ножеви закачени на ѕидот. И, овој детаљ несомнено го разубавува просторот.

Но, на овој начин ќе ви собираат прашина и ќе треба да ги миете пред секоја употреба.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-03.jpg

Лизгачки врати

И лизгачките врати го имаа својот момент на Инстаграм и Пинтерест бидејќи изгледаат навистина добро.

Но, многу е важно каде ги поставувате.

Лизгачките врати не се соодветни за спална соба бидејќи не нудат скоро никаква изолација.

Што значи, ќе ги слушате сите звуци, а во зима ќе ви биде потешко да ја загреете просторијата со лизгачка врата.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-04.jpg

Црно-бели плочки на подот

Црно-белите плочки изгледаат навистина уникатно и веруваме дека ќе ви се допаѓаат, сè додека не дојде ред да ги чистите.

Црната и белата се бои на кои најмногу се познаваат нечистотии.

Па, ако сакате вакви плочки, ќе треба да се подготвивте да ги чистите секој ден.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-05.jpg

Црн мијалник

Црниот мијалник, без разлика дали во кујната или бањата, дефинитивно изгледа луксузно.

Но, само помислете колку често ќе треба да го чистите бидејќи на него ќе се познава и најмалата дамка од бигор.

trendovi-za-ureduvanje-koi-izgledaat-ubavo-na-instagram-no-ne-se-praktichni-06_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 детали во уредувањето за кои веројатно ќе зажалите (и зошто) Тепихот пред влезната врата постојано ќе биде извалкан, а истото важи и за стакл...
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
10 работи на кои не треба да штедите кога го реновирате домот Осветлување, нерамен таван – ако темелно го реновирате домот, за некои работи вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg