Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични
Лустери со долг кабел
Долгите висечки лустери можат да бидат многу проблематични ако имате пониски тавани.
Дури и ако ги поставите само над маса или шанк, ризикот да се удрите од нив или да ги скршите е секогаш голем.
Мијалник со рамно дно
Постои причина зошто мијалниците имаат малку заоблено дно – за водата веднаш да истече низ одводот.
Мијалниците со рамно дно ќе ја задржуваат водата, а и кога ќе ги чистите, ќе ви биде потешко да ги исплакнете.
Малку штекери во кујната
Ако го намалите бројот на штекери за кујната да ви изгледа поубаво, ќе си создадете голем проблем.
Не заборавајте дека во кујната ви требаат штекери за уредите како шпорет и фрижидер бидејќи не можете да ги приклучите на продолжен кабел.
Потоа сигурно ќе ви требаат уште барем 2-3 штекери за помали апарати како микробранова печка, бокал за вода, тостер…
Секогаш е добро да имате некој штекер плус, отколку да додавате продолжени кабли.
Многу високи полици
Нормално е да сакате максимално да го искористите просторот во кујната.
Но сепак, многу високите полици кои едвај ги достигнувате нема да ви бидат од некоја корист.
Освен ако немате многу работи кои ретко ги користите и можете да ги складирате таму, високите полици само ќе ви ја отежнат работата во кујната.
Екстремен минимализам
Минималистички уредените простории изгледаат навистина добро, но размислете колку е ова практично.
Во ред е да се ослободите од сите работи во домот што не ги користите и да му дадете предност на минимализмот.
Но, нема да се чувствувате најудобно ако дома оставите само покуќнина и ништо друго.
Покрај тоа, речиси невозможно е да го задржите тој минималистички изглед и да не направите и најмал неред.
Спирова С. | Црнобело