Топ 10 трендови за уредување на домот за 2018 година според Pinterest
Пинтерест го издаде својот годишен извештај насловен како Пинтерест 100, којшто предвидува кои ќе бидат глобалните трендови во годината која доаѓа.
Извештајот за трендовите во 2018 ги открива топ 100 трендовите за следната година, а со тоа ги инспирира луѓето од модата и дизајнот на ентериери, па сѐ до луѓето од прехранбената индустрија и туризмот.
Преку анализа поврзана со пребарувањата и зачувувањата на корисниците, Пинтерест може да предвиди кои ќе бидат главните трендови.
Со преку 200 милиони корисници, Пинтерест верува дека нивните предвидувања се многу веројатни и не се само тренд за овој месец. На пример, во категоријата Дом има преку 14 милијарди идеи и има преку 75% пораст во прикачувањата од година во година.
Ова се топ 10 трендовите за уредување на домот за 2018, според Пинтерест 100 листата:
Стил инспириран од туристичките комплекси
Бањите инспирирани од сауните и бањите во хотелите и мебелот од трска го пренесуваат чувството дека сме на одмор во нашите домови. Зачуваните слики за „spa bathrooms“ се покачени за +269%.
Металик
Металикот може да биде одличен за нагласување на многу други бои, а мешањето на различни обработки додава стилски елемент на домашното уредување. Зачуваните слики за „mixed metals“ се покачени за +423%.
Терацо
Заборавениот начин на обработка на подовите од '70-тите сега се користи за да се развеселат плафоните, влезовите и сè помеѓу нив во 2018. Зачуваните слики за „terazzo“ се покачени за +316%.
Петтиот ѕид
Плафон со добра обработка може да делува како петти ѕид и може целосно да ја трансформира собата од плафонот надолу, без разлика дали тоа ќе биде јак тапет или силна фарба. Зачуваните слики за „statement ceiling“ се покачени за +310%.
Употреба на инкрустација
Употребата на инкрустација од коска вметната во делови од мебелот ќе биде популарна во 2018. Зачуваните слики за „bone inlay“ се покачени за +207%.
Шаблони со рибина коска
Додадете дополнителна димензија на вашите ѕидови со сиви плочки и со дезен со рибина коска за да добиете модерен изглед. Зачуваните слики за „herringbone patterns“ се покачени за +131%.
Нагласени врати
Силно нагласените бои на влезните врати се во тренд и претставуваат необичен нов начин да ги пречекате гостите во вашиот дом. Зачуваните слики за „colourful doors“ се покачени за +121%.
Растенија со шари
Домашното цвеќе и растенијата не се само во една нијанса на зелено во 2018, туку во повеќе бои и шари. Зачуваните слики за „patterned plants“ се покачени за +533%.
Ѕидови со големи уметнички цртежи
Во 2018 не ги оставајте вашите ѕидови празни. Обесете некоја слика, постер, уметничко дело или принт. Зачуваните слики за „big wall art“ се покачени за +637%.
Жалфија
Користете зеленкасти тонови на жалфија за да го „омекнете“ изгледот на собата со оваа неутрална нијанса. Зачуваните слики за „sage“ се покачени за +170%.
(О)Милена | Црнобело