Идеи како стилски да го уредите домот, без да потрошите многу
Досега многупати сме ви докажале дека за да бидете добро облечени или за домот да ви биде совршено уреден, не ви се потребни многу пари.
Можеби на фотографиите на блогерките и на ентериерите на кои им се восхитуваме изгледа дека се опремени со скапи работи, сепак тоа не мора да биде секогаш така.
Важно е само да имате креативна идеја и замисла, да додадете неколку декоративни елементи и да си поиграте со боите за домот да добие нов стилски иглед.
Доколку ви се потребни идеи, послужете се со овие едноставни совети и претворете го вашиот дом во стилско катче по ваш вкус:
Шарени перници
Перниците во повеќе додаваат светлост и го нагласуваат ентериерот кој може да добие сосема нов изглед доколку внесете боја во него.
Експериментирајте со големината и боите на перниците, комбинирајќи шарени со дезен и едноставни еднобојни за да не изгледа претерано натрупано.
Невообичаено огледало
Ако на ѕидот ви виси огледало со необичен облик, не само што визуелно ќе го зголемите просторот, туку ќе ја истакнете вашата индивидуалност и уникатниот стил кој нема да остане незабележан.
Тегли за рефус производи
За рефус производите, наместо традиционалните лимени кутии, одберете стаклени тегли или некои со интересна амбалажа и шара кои ќе додадат шарм и во кујната, а ќе бидат практични.
Светол тепих
Светлиот тепих внесува пријатно расположение и атмосфера во просторот и креира чувство на удобност. Експериментирајте со боите и обликот и избегнете ги здодевните обични и традиционални теписи - нема да погрешите.
Табли за закачување
Со овие табли визуелно ќе го разубавите просторот, а може да создадете оригинално катче во боја кое ќе ве карактеризира вас. Фотки од патувања, од најблиските, цитати, пораки, и сè што сакате секојдневно да гледате, а да изгледа стилски.
Оригинално и впечатливо осветлување
Во модерно време, осветлувањето не е само извор на светлина туку и модерен дел од вашиот ентериер и декор. Изборот е огромен, само треба да ја пуштите имагинацијата и да не се ограничувате со стандардни модели.