Идеи како стилски да го уредите домот, без да потрошите многу
Плетени корпи
Плетените корпи, во различни форми и големини, може да се користат на најразлични начини. Предноста на овие практични корпи, освен што во нив можете да соберете повеќе работи, е и тоа што изгледаат уникатно и одлично се вклопуваат во дом со топол ентериер.
Урамени шарени принтови
Најдете шарени цртежи испринтани на хартија или исечете интересен принт од некое списание и урамете го во рамка. Вашите ѕидови веднаш ќе добијат нов разигран изглед, а одлично е што можете постојано да ги менувате, само треба да бидете креативни.
Стикери за ѕид
Во денешно време, овие стикери се многу популарни за декорирање на ѕидовите на собите. Можете да ги најдете во најразлични големини, форми и шари и постојано можете да го менувате изгледот на ѕидовите.
Книги со еднобојни корици
За домашната библиотека да ви изгледа постилски, подредете ги книгите според бојата на кориците, или пак завиткајте ги со иста хартија доколку сакате. Одберете неколку бои и разиграјте го ова катче од домот кое веднаш ќе стане повпечатливо.
Светилки
Кој кажал дека светилките се само за декорирање за време на божиќните празници? Малечките сијалички во различни бои и форми може да го направат домот попријатен. Со нив можете да го украсите огледалото, потпирачот од креветот или пак да напишете некој инспиративен збор на ѕидот.
М. М. | Црнобело