Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 парчиња мебел кои го прават вашиот дом евтин и непривлечен

Сите сакаме да ни е убаво дома, со оглед на фактот што најголем дел од времето го поминуваме токму таму. Но, не сите имаме доволно пари постојано да менуваме или да реновираме.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen-01.jpg

Дизајнерите на внатрешен ентериер ни нудат 6 едноставни совети во врска со парчињата мебел кои прават нашиот дом да изгледа евтино и непривлечно.

Откријте кои се тие и колку од нив имате дома:

Флуоресцентни светилки

Непријатни се за окото, потсетуваат на канцелариски простор, создаваат некоја вештачка и непријатна атмосфера.

Сменете ги со стилски лустери или поинаков тип на осветлување кое ќе даде пријатна светлина и топлина во домот.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (3).jpg

ТВ жици и кабли

Сите дизајнери се согласуваат дека морето од заплеткани кабли на мегдан создава хаотичен и непривлечен изглед на домот. Погрижете се добро да ги скриете или замаскирате.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (4).jpg

Гола соба

Минимализмот секогаш носи одредена доза привлечност и софистицираност со себе, но не и кога немате апсолутно ништо во собата, освен голи бели ѕидови.

Одберете барем едно парче уметност што ќе го освежи просторот.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (1).jpg

Евтини рамки за слики

Ги имате десетици, ги врамуваат вашите најубави спомени, а се излупени, стари и изгледаат уште поевтино отколку што се. Сменети ги тажните стари рамки за слики со нови, модерни и малку поскапи.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (7).jpg

Вариолајт ролетни

Практични, но ја „цицаат“ сета душа и енергија од просторот. Слично како и флуоресцентните светилки и вариолајт ролетните потсетуваат на канцеларија. Сменете ги со роло или обични завеси.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (2).jpg

Хартиени лустери и ламби

Ништо не може да му даде толку евтин и несигурен изглед на домот како хартиените ламби и лустери. Не сте тинејџер и не живеете во интернат. Сменете ја хартијата со поинаков материјал за да доловите урбан и софистициран изглед на вашиот домот.

6-parcinja-mebel-koi-go-pravat-vasiot-dom-evtin-i-neprivlecen (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg