4 совети како да ги организирате работите во домот на јапонски начин
Кога е во прашање организацијата на просторот, секој од нас се обидува да искористи максимум што може. Па така, кога се уредува домот, постојано вртиме низ просторот со некое метро во рацете и премеруваме.
Но, со текот на времето, просторот се натрупува со нови апарати за домаќинство, дополнителни парчиња мебел, играчки за деца и слично. Многумина од нас често се врзуваат за предметите, па ретко се одлучуваат да се ослободат од нив.
Сепак, ваквото колекционирање на предмети не се смета за традиција во сите земји низ светот. На пример, Јапонија е позната по минимализмот и чистотата. Домовите на Јапонците се неверојатно мали, но затоа организацијата е на навистина високо ниво.
Па, доколку сакате малку подобро да ги запознаете јапонските организациони вештини, во продолжение можете да прочитате како тие ја имплементираат својата организациска филозофија.
Техника за соодветно диплење на облеката
Јапонците користат посебна техника на диплење, така што истите зафаќаат многу помал простор кога ги складираат во гардероберот. Тајната е во тоа што, откако ќе ги здиплат алиштата (стандардно како секој друг), Јапонците дополнително ги виткаат истите во ролна, а потоа ги сместуваат во гардеробер.
Организирање на фиоките
Јапонците редовно ги организираат своите фиоки, така што користат прегради. На овој начин, нема да мора да претурате по фиоките во кои најчесто се чува сѐ и сешто.
Обрнете внимание на просторот за чевли
Токму така, никогаш не ги заборавајте чевлите и обезбедете доволно простор за да ги сместите. Тоа е навистина многу важно, од причина што доколку го немате овој простор за складирање, чевлите ќе ви бидат расфрлани насекаде.
Испланирајте посебен простор во тоалетот
Доколку имате мал слободен простор во тоалетот, време е разумно да го искористите. Направете плакарче или полици, на кои ќе можете да ги складирате крпите и детергентите. Навистина би било одлично тие секогаш да ви бидат при рака, наместо да ги барате насекаде.
С. У. | Црнобело