15 растенија за секоја соба од вашиот дом

Домашните растенија нудат спокој во домот, а истовремено претставуваат одлична декорација на ентериерот.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-001.jpg

Тие го зголемуваат количеството на кислород во домот, а некои од нив имаат и способност да го чистат воздухот од отрови.

Доколку сте неодлучни при изборот на растенијата, погледнете ги следниве идеи:

1. Бања

  • Палма. Го чисти воздухот од амонијак, што е особено важно после хемиско чистење на бањата.
  • Аглаонема. Го намалува нивото на формалдехид кој се наоѓа во козметичките производи. Најдобро е да се чува во близина на тушот.
  • Европски/Англиски бршлен. Го апсорбира јаглеродниот диоксид и истовремено го чисти воздухот од токсини и тешки метали.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-01

2. Спална соба

  • Сансеверија (Sansevieria Trifasciata). Ова растение испушта кислород во текот на ноќта и го прочистува воздухот од токсини, со што значително се подобрува сонот.
  • „Крин на мирот“ (Spathiphyllum). Ги апсорбира токсините од препаратите за домаќинство (ацетон, амонијак). Има особено важна улога во прочистувањето на воздухот во затворен простор.
  • Орхидеја. Растение со прекрасни цветови. Произведува доволно кислород во текот на ноќта и го чисти воздухот од толуен.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-02

3. Детска соба

  • Кафето претставува растение кое е природен филтер. Го чисти воздухот од бензен, формалдехид, фенол и  трихлоретилен.
  • Хибискусот создава поволна микроклима. Освен што го прочистува воздухот, им овозможува и на другите растенија што се во негова близина подобро да растат.
  • Цикламата помага при справување со несоницата, синдромот на хроничен замор, депресивното расположение и раздразливоста.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-03

4. Дневна соба

  • Драцена (lat. Dracaena). Го прочистува воздухот од формалдехид (содржан во фарбите, теписите и завесите) и бензен (го има во фарбите и синтетичките влакна).
  • Хлорофитум (Chlorophytum crested). Ги намалува емисиите на формалдехид од автомобилите и чадот од тутунот, и го чисти и оксидира воздухот.
  • Бенџамин. Го уништува бензенот во воздухот, трихлоретиленот и фенолот.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-04

5.  Кујна

  • Алое вера. Го прочистува воздухот од бензен (кој го има во детергентите) и формалдехид.
  • Мадагаскарски јасмин (Stephanotis floribunda). Освен убавината што ја нудат неговите ситни бели цветови, ова растение го ревитализира и воздухот во кујната.
  • Африканска темјанушка (Saintpaulia). Предноста на ова растение е што може да ги избрка мравките од домот.

15-rastenija-za-sekoja-soba-od-vasiot-dom-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg