12 супер начини како да внесете празнично расположение во домот

Полека се наближуваме кон празниците. Декември официјално почна, исто како и новогодишното расположение кое се чувствува по улиците, кафулињата и излозите.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-001.jpg

Време е да завладее и во вашиот дом.

Никогаш не е прерано за украсување, па зошто да не го направите тоа викендов кој следи?

12 идеи од каде да почнете:

1. Одберете боја или комбинација од бои

Зелената, белата, кафеавата, златната и црвената се секогаш добар избор, зависно од бојата на мебелот. Во посветлите домови може да се вклопат и нијансите на светло сина, сребрена и виолетова.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-1.jpg

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-2.jpg

2. Одберете ги формите на украсите

Пример, срциња, ѕвездички, шишарки и свеќи. Доволни се 4-5 елементи во различни бои и големини. Ако натрупате многу елементи и форми, домот ќе делува задушено и хаотично.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-3.jpg

3. Осветлување

Ако ви е рано за китење на елката, за поставување на сијаличките никогаш не е.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-4.jpg

4. Сијалички на елка

Ако пак немате време за китење и раскитување на елката, само големите сијалички внимателно наредени на неа се добра алтернатива.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-5.jpg

5. Дуплирајте го доживувањето

Залепете огледалца на гранките за да создадете илузија од повеќе украси преку рефлектирањето.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-6.jpg

6. Заменете ги хартиените снегулки

Со снегулки од силиконски бои или обичен силиконски лепак кој подоцна ќе ги обоите со темперни боички или спреј.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-7.jpg

7. Украси и декорации направени од солено тесто

Ви требаат 2 шолји брашно, 1 шолја сол, 1 шолја топла вода и бои по желба.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-8.jpg

8. Сокријте го држачот на вештачката елка

Направете украсна кутија обложена со новогодишна хартија и проблемот со држачот е решен.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-9.jpg

9. Украсени чаши и шолји

Обичните шолји и чаши секогаш можете да ги украсите со трајни фломастери.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-11.jpg

10. Конусоидни елки

Во просториите како спалната соба, детските соби, кујната или ходникот, секогаш може да поставите конус-елки. Се прават лесно, од едно парче подебела хартија или картон и може да ги обложите со што сакате - мрежа, украсна хартија, колаж, монисти...

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-10.jpg

11. Украс од чорапчиња со празничен принт

Ластикот од празничните чорапчиња секогаш може да ви послужи за обвиткување на стаклените садови или чаши.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-13.jpg

12. Мини природна елка

Направи сам проект за 10 минути - ви требаат свежи гранки и сунѓер за цвеќе.

12-super-nacini-kako-da-vnesete-praznicno-raspolozenie-vo-domot-14.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg