Како да го уредите домот, ако имате мало дете?
Креирањето на ентериер за стан наменет за семејство со мали деца е предизвик за секој архитект, бидејќи во игра се многу аспекти - малите деца растат брзо, а на родителите им треба осаменост и простор.
Овој стан од околу 80 m2, ќе ви понуди многу интересни идеи, кои можете да ги примените во домот со цел да добиете на простор, но и на функционалност.
Секоја соба има различна тема, текстури и бои, што создава ентериер со колоритна динамика и индивидуалност зад секој агол.
Како и во повеќето модерни ентериери, дневната е во комбинација со кујнската зона, простор кој е надополнет со малку невообичаена маса и високи столчиња.
И спалната соба изобилува со свежина и позитивна атмосфера, пред сè благодарение на големата дневна светлина која влегува низ прозорецот.
Лесно се забележува дека постојат голем број места за чување облека, меѓутоа сите тие се ненаметливи, така што воопшто не го затвораат просторот.
Детската соба е комфорна, со два кревети, кои одговараат на возраста на двете деца, и е на некој начин полузатворена со плакарот со отворени полици, кој претставува одлична визуелна преграда.
М. С. | Црнобело