10 насоки кои ќе ви помогнат да го уредите домот како Французите

Француските простори се познати по оној „je ne sais quoi“ шмек. Иако се шик, тие секогаш се топли и гостопримливи.

10-nasoki-koi-kje-vi-pomognat-da-go-uredite-domot-kako-francuzite-01

Тие се класични со модерни елементи и додека вклучуваат парчиња од најпознатите дизајнери на 20-от век сепак, никогаш не се наметливи.

Па, која е тајната на Француските жени што успеваат да ја постигнат совршената рамнотежа помеѓу различни стилови, периоди и формалности?

1. Прифатете ги несовршеностите

Една од основните разлики помеѓу американскиот и францускиот декор е перфекционизмот на Американците.

Од друга страна, Французите го ценат семејното наследство и парчињата кои не се баш совршени.

Тие нема да прескокнат столче ако кожата е оштетена и не им е проблем ако на подот има гребаници. Токму затоа, нивните домови се попријатни и изгледаат како некој навистина да живее во нив, а не вештачки.


2. Владејте со миксот

Францускиот народ обожува да гo меша винтиџ и тренди мебелот. Француските дизајнери немаат проблем со поставување на модерен стол покрај плакар од 18-от век или модерно светло на класична позадина.

Клучот се крие во динамичната тензија која постои помеѓу различните периоди и стилови.


3. Бидете дрски и храбри

Постојат 3 тајни во францускиот декор:

1. Да се биде свесен дека не постои совршенство.

2. Да знаете како да мешате различни стилови.

3. И да бидете дрски и храбри во изборот на парчиња.

Немојте премногу да се грижите околу тоа како парчињата ќе се вклопат заедно, секако сѐ додека пропорционално си одговараат и искрено го сакате секое парче кое ви се наоѓа во домот.

Со тек на време ќе го пронајдете стилот кој најмногу ви одговара, а грешките и судот се тука да ви помогнат.


4. Инспирирајте се од вашата лична историја

Спојте парчиња кои се дел од наследството на вашето семејство. Без разлика дали зборуваме за медалјон или слика.

Вметнете ги овие парчиња за да ја инкорпорирате семејна историја во вашиот дом и едноставно да бидете поблиски до вашето семејство.


5. Образувајте се

Ако сте заинтересирани за одреден стил, тогаш слободно прочитајте нешто повеќе за него и неговата историја.

Дознајте нешто повеќе за дизајнерите кои го започнале правецот - добар почеток се Gino Sarfatti, OsvaldoBorsani, Pierre Paulin...


6. Бидете „форшуал“

Кога би морале да одберат помеѓу формално и кежуал, Французите спонтано би одговориле „форшуал“.

Пронајдете го совршениот баланс во вашиот простор каде лесно можете да одржувате формални настани, но сепак може секојдневно да уживате и во неговата едноставност без премногу да се грижите за дамките, гребаниците и останатите последици.


7. Присвојте ги контрадикторностите

Освен мешавините од материјали и стилови, Французите веруваат во контрадикторности. Ако сакате вашата соба да биде спој од француската прованса со парчиња од средновековието и современа уметност, тогаш слободно обидете се.

Ако мислите дека сликата во циклама боја добро ќе се спои со жолта клупа, тогаш пробајте. Нештата кои очигледно не си одговараат всушност ги прават ентериерите да бидат интересни.


8. Следете ги сопствените правила

Традиционалните правила на уредување сигурно би ве советувале да не користите огледала со различни големини поставени на различни висини, не би ви дозволиле да користите крзно во тоалетот, но Французите ви препорачуваат да играте по ваши правила.

Правете го она што вие мислите дека е правилно, а не она што го знаете како правило. Токму како што во модата има разлика помеѓу мода и стил, така во светот на уредувањето има разлика помеѓу трендови и личен вкус.


9. Не ги фрлајте старите предмети

Шармот на францускиот декор се крие во тоа што при избор помеѓу старо и ново, вистинскиот Французин ќе го избере старото.

Одете во маркети и мали пазарчиња, купувајте стари предмети бидејќи тие се главниот извор на убавина во домот.


10. Не се опседнувајте со една боја или еден стил

Како што претходно спомнавме, целата филозофија на француското уредување се крие во мешавините.

Американците се познати по опседнувањето со еден стил или боја, а многу дизајнери на ентериери се согласија дека полувековниот модерен стил е премногу застапен и тие се сложија дека иднината на дизајнот се крие во експертски мешани еклектични комбинации на стилови – причина плус зошто веднаш треба да започнете да декорирате како Французите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари... Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполне...
25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg