Здравјето нема цена - релаксација во сауна
Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства.
Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, место за уживање, сауната обезбедува бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Здравјето нема цена!
Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.
Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.
Во Македонија, денес речиси и не може да се замисли еден хотелски, или спортски центар без современ спа центар кој вклучува сауна, топла бања и масажа. Дури и хотел се избира според тоа каде овие дополнителни поволности се најдобри.
Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.
Но, не секогаш имаме време да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Кога би имале услови за секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството и пријателите особено во зимските денови.
На следниот линк http://pirinexport.mk можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа.
Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба чини околу 2.000евра (1.800евра промотивно овој месец), а цената варира зависно од опремата и материјалите кои ќе се вградат. Ако сакате доверлива компанија која крајно професионално ќе реализира спа решение, ја препорачуваме компанијата Пирин експорт, која се наоѓа позади млечениот ресторан во Скопје.
Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.