Водич за уредување на домот за сингл девојки

Факт е дека е тешко да си сингл девојка од многу аспекти. Но, можеби мислите дека барем лесно е да го декорирате домот. Верувајте ни, не е сѐ како што изгледа. Дизајнирањето на домот е потешко отколку што мислите.

vodic-za-ureduvanje-na-domot-za-singl-devojki-01

Сепак, нема место за паника, овие совети се тука да ви помогнат:

1. Инвестирајте во класични парчиња

Можеби сакате да експериментирате со додатоци и уметнички дела, но кога станува за неопходни парчиња, тогаш држете со до едноставните и неутралните, а притоа дозволете си да инвестирате во нив.


2. Создадете простор за опуштање

Милениумскиот живот може да биде стресен – се обидувате да изградите кариера, имате врски, се обидувате да бидете активни и здрави, имате силни пријателства, учите да готвите... – па затоа толку многу ви е потребен простор во којшто ќе можете целосно да се релаксирате. Без разлика дали тоа е гламурозна када или удобен кревет, овој простор треба да биде исполнет со вашите омилени нешта.


3. Прифатете го живеењето во мал дом

Сонот да живеете во голема куќа или стан ќе ви се исполни подоцна. Сега за сега, научете да си го сакате вашето мало станче – без разлика колкаво е и колку е едноставно. Исполнете го со нешта кои апсолутно ги сакате и искористете ги вашите организациски способности со одличен систем за складирање.


4. Купувајте го она што вие го сакате

Сакате да купите розев кауч? Слободно. Ова можеби е последен пат само вие да одлучувате за мебелот кој го купувате. Па затоа трудете се максимално да се усреќите.


5. Одвојте место за разубавување

Фактите пред сѐ: Како сингл девојка потребно ви е да имате простор за разубавување. Без разлика дали тоа е посебна просторија во тоалетот или само еден агол од спалната соба, доволно е да имате огледало со добро природно светло и многу место за производи, шминка, додатоци за коса и накит.


6. Добро организирајте ја шминката и другите производи

Многу е важно да направите добар систем на организација и уште поважно, да се придржувате до него. Направете полици или инвестирајте во медицинско шкафче.


7. Живејте со растенија

Животот со растенија не само што е здрав (затоа што ни го прочистува воздухот) туку може да ве натера да се грижите за нешто друго освен себеси. Чувството на самозадоволност кое доаѓа со грижата за нечиј живот може да ви ја зголеми самодовербата. Плус, растенијата се одлична и полесна алтернатива за разлика од домашното милениче.


8. Направете го домот секси

Да бидеме искрени: да се биде сингл меѓу другото, значи и да се излегува со разни момци. Токму затоа домот треба да ви биде добро уреден. Заборавете на колекцијата од плишени мечки и барбики и инсталирајте потенциометар.


9. „Инјектирајте“ уметност

Уметничките дела се многу персонални, а сега е совршено време да започнете да ги собирате. Искористете го вашиот сингл статус за посета на галерии и откријте каква уметност ви се допаѓа и полека, полека започнете да создавате колекција.


10. Средете ја кујната

Можеби таа не е вашата кујна од соништата, но тоа не значи дека треба да ја занемарите. Избришете ја железаријата, инсталирајте постојано отворени полици и декорирајте со убави додатоци – светло и уметност. Тоа можеби и ќе ве натера да готвите повеќе.


11. Прифатете ја вашата чудна страна

Сакајте го она што сакате, без разлика дали ви се суди или се бара компромис од вас. Изложете чудна колекција на уметнички дела, декорирајте со интересни акценти кои сте ги собрале на вашите патувања, ако сакате прекријте сѐ со кожа од овца – никој не може да ве спречи.


12. Декорирајте едноставно

Да се биде сингл не значи да тагувате, па затоа не закопувајте се во темен и песимистичен простор. Неутралните бои и природното светло можат да ве расположат, па затоа добра идеја е да декорирате во бело или крем нијанси.


13. Бидете гламурозни

Предизвикајте ја вашата гламурозна страна и додадете малку шарм и гламур на просторот во кој живеете. Тоа ќе ви даде самодоверба и ќе направи да се чувствувате софистицирано.


14. Употребете монограми

Постои едно погрешно сфаќање дека монограмите се само за парови, но верувајте ни дека чувството да ги имате вашите иницијали на вашите нешта ќе биде чувство кое многу ќе ви се допадне. Макар тоа да биде суптилно – на неколку пешкири за гости, сепак малите детали ќе му дадат малку елеганција на вашиот дом.


15. Уредете онака како што вие сакате

Кршете ги правилата, живејте слободно и правете го она што ве усреќува. Кога ќе ги прифатите овие животни правила не само што ќе го имате совршениот дом за сингл девојки, туку може и бидете посреќни, понезависни  со вашиот сингл статус и да имате поголемо чувство за себеси.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на...
4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде) Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а г...
Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно (без да потрошите богатство) Скријте ја корпата за отпадоци и ако не сте во можност за купување нови шкафчиња...
10 едноставни трикови со кои ќе внесете елеганција и топлина во домот Природни тонови, земјени бои, микс од стилови, украсни свеќи... Што друго ви е п...
Како да го декорирате балконот во италијански стил со само 4 детали? Столчиња од ковано железо и растенија како лаванда – доволно е да промените само...
Трикови за уредување со кои домот ќе ви изгледа луксузно (без да потрошите многу пари) Закачете ги завесите високо и купете бели крпи и постелнини бидејќи нема да избл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg