30 дневни соби со летен шарм
Во лето избегнуваме употреба на тешки плетени прекривки, перници и мебел кој асоцира на зимата и ладните денови. Полека се насочуваме кон употреба на нежни нијанси при уредувањето на домот.
Секако најважно од сè е што просториите добиваат светол изглед благодарение на сончевите зраци кои доаѓаат од хоризонтот, а и од самите бои во кои се уредува домот.
За да постигнете „летен изглед“ на дневната соба, потребно е да ја украсите со многу цвеќе, шарени вазни, пастелни тонови на прекривките и мебелот, цветни перници, тапети...
Посебно летен изглед можете да добиете со употреба на плетен мебел како мали масички за секојдневна употреба или мали дрвени декорации.