Фенг шуи совети за уредување на среќна кујна
Според фенг шуи, кујната претставува симбол на здравјето и финансиите на семејството, бидејќи од богатството на едно домаќинство зависи и квалитетот на храната која се подготвува во кујната.
Шпоретот не треба да биде под прозорец, бидејќи создава финансиска нестабилност. Таа местоположба е најдобра за машината за садови, бидејќи низ прозорот кон неа поминува позитивната јанг енергија.
Погледнете уште совети за уредување на среќна кујна:
- Треба да избегнувате црвена кујна, бидејќи тоа носи кавги во бракот, а ако кујната гледа кон југ, тогаш користете ја пурпурната боја која го претставува симболот јин оган.
- Сината кујна носи финансиски проблеми.
- Портокаловата кујна не е лоша, но може да ви донесе неколку килограми вишок, бидејќи таа боја го нагласува елементот Земја, кој навестува дека ќе се подготвуваат традиционални и калорични оброци.
- Декорациите во кујната најдобро е да се состојат од светли керамички плочки во иста или слична боја како и остатокот од просторот. Дрвените елементи би требало да бидат во што е можно посветла боја, а кујната да биде добро осветлена.
- Над шпоретот добро е да имате мало огледало во кое ќе се огледуваат ринглите, бидејќи така се дуплира сѐ што е на нив и тоа доведува до подобрување на финансиите.
- Сите видови на неред во кујната како валкани садови, рерна или ладилник доведува до губење на финансии.
- Приборот за јадење треба да го чувате во фиока, посебно ножевите, бидејќи ако ги чувате забодени може да предизвикаат кавги во семејството. Исто така, тапите ножеви според кинеските верувања предизвикуваат појава на несреќа.