Фенг шуи правила за среќни празници: Како да ја внесете позитивната енергија во домот?
Празниците, посебно новогодишните и божиќните, се време кога целото семејство е на куп, исто како и пријателите. Заради тоа, сигурно во него сакате да владее позитивно расположение и енергија.
Фенг шуи има способност да ја балансира енергијата која му е дадена во одредениот простор и да обезбеди здравје и добра среќа.
Затоа, ако сте во потрага по совети и правила кои ќе ви помогнат да ја одржите хармонијата во наредните неколку седмици, еве што треба да направите:
1. Во десното ќоше од влезната врата ставете две миризливи украсни свеќи. На тој начин ќе создадете атмосфера полна со љубов и разбирање. Најдобро е свеќите да се во жолта, розова или црвена боја.
2. Не ги заборавајте пријатните мириси кои треба да се шират низ целата куќа. Бирајте смирени ароми кои потсетуваат на зима – ванила, цимет, јаболка, портокал...
3. Направете домашна атмосфера. Поставете чинија со овошје на масата, а во кујната секогаш чувајте слатки и пијалаци кои се достапни секому, во секое време.
4. Зад секоја ваза со цвеќе поставете мало украсно огледало за да предизвикате удвојување на убавината.
5. Божиќното дрво ставете го наспроти влезот од домот. На тој начин ќе ги осигурате добрите семејни односи.
6. Во просториите во кои не стои главната новогодишна елка, наредете мали реплики. Со мали елки можете да ги украсите масите, полиците или празничната трпеза наместо да ставате ваза со цвеќе.
7. Користете што повеќе светлечки украси затоа што тие ја симболизираат славата и угледот кој ќе го уживате во текот на наредната година.
8. За да го подобрите здравјето во наредната година, засадете живо дрво во голема саксија и чувајте го во домот.
9. Украсите со облик на ангели ставете ги од левата страна на влезната врата. На тој начин ќе им осигурате помош на другите луѓе.
10. Секогаш канете парен број на гости.
11. Обрнете внимание на распоредот на седење на гостите. На пример, никогаш не ги сместувајте најблиските и најдрагите веднаш до вратата, затоа што гостите кои седат најблиску до неа први заминуваат.
12. Во секоја соба додајте овални перничиња или округли предмети кои го поттикнуваат протокот на позитивна енергија.
13. На чело на масата никогаш не поставувајте гласна особа. Ако им дадете право тие да ги водат разговорите, ќе создадат непријатна атмосфера, па затоа гласните роднини и пријатели сместете ги на страничните столчиња.