Реновирајте го домот за помалку од 30 минути
Ако ви досади декорацијата во дневната соба и се чувствувате дека сакате нешто да промените, не ви требаат многу пари, ниту вишок време.
За само 30 минути и многу помалку од тоа можете потполно да го освежите просторот во кој живеете.
Како?
Имате 1 минута? Променете 1 работа!
Внатрешните дизајнери советуваат дека најголемата грешка која можете да ја направите за 1 минута е да додадете нова декорација во ентериерот. Наместо тоа, земете и тргнете само 1 работa од полиците или масичката и ослободете малку простор. Собата ќе започне да „дише“ многу послободно.
Имате 2 минути? Ставете свеќи!
Миризливите свеќи автоматски го менуваат секој амбиент. Изберете ги омилените бои и мириси и затоплете ја атмосферата, затоа што мирисот ќе ја направи собата потполно поинаква.
Имате 4 минути? Променете го абажурот!
Старите ламби знаат да делуваат дотраено. За среќа, не мора да ја менувате целата ламба, туку само капата. Во зависност од вашиот сензабилитет може да ставете беспрекорно бели абажури или да ја затемните атмосферата со црна капа со златни детали. Изборот е ваш.
Имате 6 минути? Променете ги перниците!
Новите перничиња, посебно оние во тиркизна и корална боја, ќе го освежат просторот за минимално време. Чувајте дополнителни пернички или различни навлаки во гардероберот и менувајте ги кога ќе ви досади старата декорација на собата.
Имате 8 минути? Внесете растенија во домот!
Ако во својот дом внесете дел од природата, собата ќе изгледа и мириса посвежо. Не мора да купувате цели букети од цвеќара, доволно е само да соберете по некое гранче од дворот кое ќе го аранжирате во стаклен сад.
Имате 12 минути? Ротирајте го тепихот!
Експертите препорачуваат секој месец да го ротирате тепихот за 180 степени. Освен тоа што собата ќе изгледа потполно поразлично со вертикално поставен тепих, отколку хоризонтално, со ротирањето помалку се оштетува.
Имате 15 минути? Променете ги рачките!
Променете ги или барем обојте ги рачките на комодата во вашата спална, дневна или кујна. Плус, можете да додадете неколку интересни шари на фиоките кои најмногу се гледаат.
Имате 20 минути? Разместете го мебелот!
Разместувањето на мебелот знае да биде тешко и напорно, но најтешко е да започнете. Иако можеби немате ни најмала идеја што да направите следно, преместувајте го мебелот до спротивните ѕидови. Автоматски ќе видите разлика, а инспирацијата сама ќе дојде.
Имате 30 минути? Ставете акцент на една боја!
Бидете храбри и направете минимална, а освежувачка промена. Ако немате време за кречење на ѕидовите, доволно е да го акцентирате просторот со перници, ламба и ваза во иста боја. Бирајте пастелни или неонски бои за да се забележи разликата.