Декоративни тапети за интимен и топол простор!
Да се има сопствен простор како од списание е нешто што повеќето луѓе го посакуваат. Местото каде го поминуваме поголемиот дел од денот да изгледа беспрекорно, да изобилува со шарм и топлина!
Во него да ни биде убаво, да не радува и опушта.....во него да уживаме со домашните и пријателите. Токму тапетите можат да бидат наједноставниот и најбрзиот начин да се внесе разиграност и оптимизам во домот.
Тие може да бидат еден од најубавите украси во домот, кои му даваат шарм и топлина на домашниот простор, создаваат препознатливост, а за што не се потребни многу средства.
Лесно се вклопуваат во просторот, даваат чувство на префинетост, ги сокриваат несовршеностите на зидот, создаваат илузија на совршеност. Практични се, може да се менуваат, и овозможуваат драматика и шарм што не може да се постигне со нанесување на бои.
Вашиот ѕид може да изгледа како да е од камен, цигла, метал или дрво, или пак да има цветни дезени, различни геометриски форми, и едноставно многу стил!
Со тапетите не мора да ја обложите целата просторија, напротив. Вашата соба ќе изгледа идеално доколку тапетите ги залепите само на еден ѕид или столб.
Какви тапети да изберете за декорирање на вашиот дом?
Според повеќето дизајнери на ентериер, за мали простории, кои не се доволно осветлени најмногу одговараат тапети со светли шари за дополнително осветлување на собата.
Во просториите каде што има многу агли и ниски тавани, како собите на поткровје, најдобро одговараат тапети со вертикални шари, кои би придонеле за создавање на илузија на повисок и поголем простор.
Еднобојните и двобојните тапети се интересен детаљ во просторија во која нема премногу бои и шаренило, како на пример работна соба или ходник.
Тапетите во појаки бои како црвена, жолта и портокалова обезбедуваат чувство на топлина, па така овие нијанси се вистински избор за темни простории и соби свртени кон север.
За оние похрабрите дизајнерите ги препорачуваат колоритните и исклучително живописни тапети Елитис, кои се инспирирани од животот, уметноста, музиката и фотографијата, и кое дефинитино ќе внесат страст и топлина во домот.
Но, и тука постојат исклучоци од правилата - дизајнерите препорачуваат одбегнување на премногу светли нијанси во просториите во кои го поминуваме поголемиот дел од денот бидејќи поттикнуваат чувство на нервоза.
Од друга страна, детските соби се најпогодни за ваквите бои, па нема да погрешите доколку во детската соба ставите тапети во весели бои и дезени.
Кога се работи за спалната соба, најдобри се тапетите во бледо жолти, лаванда или светло сини нијанси, кои би придонеле за подобар сон. Одбегнувајте ја црвената боја поради нејзиниот стимулативен ефект кој често предизвикува несоница.
Генерално, во малите соби од домот не е препорачливо да се поставуваат тапети во темни нијанси, кои визуелно би го намалиле просторот.
За да се добие она чувство на комфор во домот, најдобри се тапетите во зелени нијанси, додека за постигнување на драматичност и модерен изглед, одличен избор се впечатливи и живописни тапети, кои се поставуваат само на едниот ѕид од просторот.
Компанијата Ground Fashion постои на македонскиот пазар од 2009 година, а од пред неколку месеци со нов продажен салон на улица 29 Ноември бр. 17, локал 8 спроти Универзална сала-Скопје.
Ексклузивен застапник на македонскиот пазар е на реномирани производители Elitis, Grandeco, BN и Duralmond кои произведуваат високо квалитетни и декоративни тапети и панели.
Потрошувачите во салонот на Ground Fashion имаат можност за избор на најразлични декоративни тапети за внатрешно уредување произведени од високо квалитетен, специјален винил материјал кој е лесен за одржување.