Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Евтини трикови за пролетно освежување на домот

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-01

Во периодот кога вашиот дом го обви монотонија од бои, дезени и недостаток на светлина, ви го разубавуваме денот со неколку евтини трикови со чија помош брзо ќе го освежите.

Ако и во вашиот дом ја почувствувате пост-зимската депресија, овој месец дефинитивно е создаден за нејзино разбивање.

Додека сте во исчекување на официјалната пролет, еве како да си го разубавите секојдневието:

Купете свежо цвеќе - Упатете се кон најблиската цвеќара и одберете лалиња, рози и божури во светли бои.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-1


Купете овошје
- Одберете овошје во свежи бои – портокали, лимони, јаболка, грејпфрут, јагоди и сместете ги во стаклен сад со необичен облик.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-2


Купете или сошијте нови пернички
– Само 5 пернички во различни бои и дезени, и најтемниот дом може да го претворат во хармоничен простор.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-3


Додајте меки прекривки на столиците
– Со нивна помош ќе додадете доволна доза на топлина, а воедно старите дрвени столици ќе изгледаат помодерно.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-4


Реорганизирајте ја полицата со книги
– Наредете ги книгите според боите на кориците или додадете цветни детали помеѓу книгите. Разбијте ја монотонијата од наслови и натписи, ќе се изненадите од промената.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-5


Додајте боја во вашата бања
– Со помош на пешкири во боја и сламени декорации, студената бања може да ја претворите во симпатично пролетно катче.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-6


Исчистете ги површините
– Хаосот од шанкот и масичките заменете го со минимализам. Доволна е една цветна декорација или украсна шолја за чај во некој агол за собата да добие потполно нов изглед.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-7


Нагласете го изворот на светлина
– Сите прозорци или стаклени врати откријте ги. Заборавете на темните завеси и ролетни.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-8


Купете зачини со пријатен мирис
– Додајте и живост на вашата кујна или трпезарија со помош на рузмарин, ментол, мајчина душичка или босилек. Аромата е незаменлива, исто како и природниот амбиент.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-9


Обојте ги плакарите, но овој пат од внатре
– Последен, но не најмалку важен трик. Токму таа боја од внатрешната страна на плакарите секое утро ќе ви изнуди мала насмевка.

10-evtini-trikovi-za-proletno-osvezuvanje-na-domot-10

Би можело да ве интересира:

8 бои за уредување ентериер кои се хит во 2025-та Мока Мус која е прогласена за боја на годината, но и боја на лаванда која е идеа...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg