9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан

Завеси на прозорците, темен под, тапети со бордура... сите овие работи прават малиот простор да изгледа уште помало. Кои се најчестите грешки при уредување мал стан?

10-najgolemi-greshki-shto-gi-pravite-koga-ureduvate-mal-stan-01.jpg

Малите станови се слатки и компактни, но за да се добие овој совршен изглед, потребно е внимателно да го испланирате секој дел од просторот и секој детаљ што ќе го внесете во домот.

Токму затоа уредувањето мали станови е потешко отколку да уредите поголем простор.

Експертите за уредување откриваат кои се најголемите грешки што се прават при уредувањето мал стан:

Тапети со бордура

Иако тапетите со бордура изгледаат интересно, сепак не се соодветни за мал стан.

Тие визуелно го делат ѕидот на дела, го нагласуваат недостатокот на простор и привлекуваат непотребно внимание кон ѕидовите на собата.

Затоа е можеби подобро да ги оставите ѕидовите бели, но да ставите огледало, кое визуелно ќе го прошири просторот.

10-najgolemi-greshki-shto-gi-pravite-koga-ureduvate-mal-stan-03.jpg

Украси на ѕидовите

Уметничките слики, фотографиите во рамки, ѕидните часовници и слично, изгледаат одлично на ѕидовите на широк стан.

Но, кога просторот е мал, тие дополнително го стеснуваат и ѕидовите делуваат пренатрупано.

Ако имате празен ѕид подобро е да го оставите така или да ставите едноставно огледало за да го проширите визуелно.

10-najgolemi-greshki-shto-gi-pravite-koga-ureduvate-mal-stan-09.jpg

Премногу детали

Сопствениците на мали станови не можат да си дозволат премногу детали во домот.

Затоа, избегнувајте да купувате многу свеќници, рамки за фотографии, големи вазни за цвеќе, украсни фигури и слично.

10-najgolemi-greshki-shto-gi-pravite-koga-ureduvate-mal-stan-07.jpg

Тапети со весели бои или шарен принт

Не ги нагласувајте визуелно ѕидовите со шарени тапети во весели бои и принтови. Изберете смирени, неутрални нијанси.

А ако сакате да му дадете живост на просторот, еден ѕид нека биде во друга боја од останатите, но и тогаш е препорачливо да е монохроматски, а не шарен.

10-najgolemi-greshki-shto-gi-pravite-koga-ureduvate-mal-stan-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg