Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност
Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои детали во домот треба да внимавате пред да ви дојдат гости, за да не бидете предмет на потсмев?
Сите често знаеме да кажеме дека гостите што доаѓаат дома за да видат како ни е уредено, воопшто не треба ниту да доаѓаат, но некои работи едноставно не можат да поминат незабележани.
На кои работи треба да обрнете внимание во домот кога чекате гости, за да не се чувствувате засрамени и да не бидете тема на озборување?
Бубачки околу чинијата со овошје
Чинијата со овошје можеби изгледа убаво на масата, но старото и помалку изгниено овошје е магнет за бубачки и инсекти.
Никому нема да му биде пријатно да седне на масата каде што треба да ги брка бубачките кои летаат над овошјето и кои ви се чини дека се множат во секунда.
Имајте навика созреаното овошје да го ставите во ладилник и тргнете го од маса пред да ви дојдат гости. Бубачките можеби се безопасни, но на луѓето што првпат ви доаѓаат дома, вие ќе им делувате како непедантна и валкана личност.
Бидете внимателни како се однесувате
Можеби кога сте сами воопшто не ви е проблем да мацкате со лепче во чинијата, не му браните на детето да направи вистински хаос на масата и околу него да направи трошки насекаде и да расфрла храна, но гостите не мора тоа да го видат.
Секако, не значи дека кога ќе ви дојдат гости треба да се однесувате како да сте роден аристократ, но потрудете се барем минимално да ги ублажите работите.
Користете виљушка и замолете го детето да се однесува пристојно.
Кадифена прекривка на тоалетната школка
Можеби вам ви се чини дека прекривката на тоалетната школка е удобна и изгледа убаво, но гостите веднаш ќе си помислат: „Се пере ли воопшто ова? Чисто ли е? Кој уште става прекривка на тоалетната школка?“
Многу е почисто на тоалетната школка да стои чистата пластика, која може да се пребрише со влажна марамица, отколку гостите да се чудат на што седнуваат.