10 едноставни трикови со кои ќе внесете елеганција и топлина во домот
Сијаличките не се само за Нова година
Иако сијаличките се асоцијација за елка и новогодишна атмосфера, тие може да бидат и постојан декор во вашиот дом.
Освен што изгледаат убаво, му даваат топлина на просторот.
Само запомнете - треба да светат без прекин, а не да трепкаат како за празниците, кога ќе ги ставите врз елката.
Огледала, фотографии и уметнички слики
„Голите ѕидови“ делуваат студено и одбивно.
Затоа украсете ги со уметнички слики, семејни фотографии или огледала - веднаш ќе забележите разлика.
Завеси за секој прозорец
Многу луѓе немаат (и не сакаат да стават) завеси на прозорците, но без нив, домот делува студено.
Денес постои огромен избор на бои, дезени, текстури, па изберете модел кој ви се допаѓа и кој одлично ќе се вклопи во просторот.
Мал простор за пиење кафе
Одвојте еден дел од домот кој ќе го преуредите во катче за пиење кафе или чај.
Ова ќе биде пријатно место каде што ќе можете да се „стуткате“ во фотелја додека се опуштате дома, да читате книга или да седите со саканите.
Додајте личен печат на домот
За домот секогаш да биде вашата оаза, дополнете го со предмети кои ќе потсетуваат на вас - рамки со семејни фотографии, омилените играчки од времето кога сте биле деца (или играчките на вашите деца), ситници што сте ги купиле на патувања, растенија и слично...
А. Ј. | Црнобело