Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари?
Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклената масичка офарбајте ја со металик боја - Ако не сте во можност да реновирате и да купувате нов мебел, секогаш има начин да го освежите стариот.
Не секој е во можност често да реновира во домот, но повеќето можат да си дозволат барем малку да го освежат мебелот што веќе го имаат.
Со малку креативност и значително помала сума пари отколку реновирање, можете да му дадете нов изглед на стариот и евтин мебел.
Неколку трикови што вреди да ги пробате:
Заменете ги ногарките на гарнитурата
Ако моделот на гарнитурата го овозможува тоа, заменете ги ногарките со нови и повисоки.
Кога гарнитурата е малку повисока, му дава луксузен изглед на просторот, а притоа го олеснува и чистењето.
Доколку нема начин да ги замените ногарките, секогаш можете да ги офарбате со друга боја.
Металик боја за стаклена маса
Ако имате стара стаклена масичка, можете да ја претворите во луксузен елемент ако ја офарбате со металик златна или сребрена боја.
Ставете самолеплива фолија за мебел
Ако помошната маса во кујната ви е оштетена и не сте во можност да ја замените со нова, можете да ја покриете штетата со самолеплива фолија за мебел.
Истото можете да го направите и со дрвената трпезариска маса или масичката во дневната доколку е од дрво.
Тапацирајте ја старата гарнитура
Ова ќе ве чини малку повеќе, но сепак е поевтина варијанта од купувањето потполно нова гарнитура.