Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та
Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата на сива боја за многумина е премногу монотона и експертите сметаат дека е најдобро да ја замените со потопли нијанси.
Ако размислувате за реновирање на домот, веројатно ве интересира мислењето на експертите и дизајнерите на ентериер.
Кога станува збор за уредување, секогаш е добро да избегнувате „слепо“ следење на трендовите, но тоа не значи дека не можете да ги искористите за инспирација.
Кои трендови ќе бидат хит годинава, а кои е подобро да ги прескокнете?
Дизајн инспириран од природата
Целта на овој дизајн е повеќе да се поврземе со природата и не само што изгледа навистина добро, туку има позитивно влијание и врз расположението.
Овој стил на уредување вклучува многу природна светлина, многу зеленило (растенија низ домот), како и користење природни материјали.
Топлите тонови секогаш се хит
Земјените тонови ја прават атмосферата во домот многу поудобна, па не е ни чудно што постојано се популарни.
Притоа, одлично се вклопуваат во дизајнот инспириран од природата.
И темнозелената боја е хит
Зелената е уште една нијанса што му дава доза удобност на просторот и ќе биде огромен хит во 2024-та.
Најдобро е да им дадете предност на потемните нијанси.
Кружни форми
Според дизајнерите на ентериер, мебелот со кружни форми ќе биде многу попопуларен од елементите со прави и остри линии.
Не мора целата покуќнина да го следи овој тренд – можете да го вметнете и со помали детали, како огледало или рамка за слика со кружна форма.
Вертикално наредени плочки
Плочките со форма на правоаголник кои се наредни вертикално прават просторијата да изгледа повисока.
Најпопуларните се еднобојните, неутрални плочки кои ќе можат да се вклопат во секаков ентериер, а притоа е сигурно нема да излезат од мода.