5 работи на кои (можеби) не вреди да давате многу пари кога го уредувате домот
Скап килим: За оваа инвестиција може брзо да зажалите и тоа на првиот сок од боровница или чинија шпагети на него, од страна на вашето дете или гостин.
Уредувањето на домот е долг процес, полн „слатки маки“, но на крајот кога ќе си го видите вашиот дом од соништата, сфаќате дека вредело.
Но, на кои работи при уредувањето на домот можете да заштедите, односно можеби не вреди да дадете тон пари?
Се разбира, велиме можеби, затоа што за вкусовите не се расправа и некои од овие работи можеби се приоритет за некои луѓе.
Предлог работи на кои (можеби) не вреди да давате многу пари:
Дизајнерски декоративни ќебенца
Ако се од специфичен материјал и секојпат кога сакате да ги исперете треба да ги носите на хемиско, размислете дали вреди.
Свежо цвеќе
Изгледа прекрасно, но неговата убавина брзо избледува, а чини пари и за само неколку дена ќе треба да купите ново.
Подобра опција се саксиските цвеќиња или пак декоративните аранжмани со суво цвеќе.
Прескапи декоративни масички
Тие немаат некоја функција, освен да ставите пијалак или далечински управувач.
Изгледа непрактично да потрошите цело богатство на нив, нели?
Скап килим
За оваа инвестиција може брзо да зажалите и тоа на првиот сок од боровница или чинија шпагети на него, од страна на вашето дете или гостин.
Изберете некоја попристапна опција која ќе може да го „издржи“ семејниот живот, особено ако имате и миленик, а и нема да ве боли срце кога ќе треба да го замените.
Сезонски декор
Сезонскиот декор е забавен, но и чини многу пари, а во најголемиот дел од годината стои спакуван во кутии.
Убаво е кога ќе го освежите домот сезонски, со тиквички наесен на пример, но купувајте попристапни декорации, не вреди да фрлите премногу пари за работа која во најголем дел од годината е сокриена.
С. С. | Црнобело