На гости кај Рената: Дом со милјеа, класичен мебел, мирис на минатото и прекрасен поглед кон Водно (фото)

Трпезаријата сè уште е на листата да биде обновена, но не се појавила музата која ќе ја забрза работата.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-02_1.jpg

Мебелот во дневната соба е исто така изработен по мерка. Тргнавме од тоа дека ни беше потребен многу простор за складирање, бидејќи четиричлено семејство кое низ годините постојано ги надградува своите желби бара многу простор.

Ние сме љубители на убава покуќнина, имаме голем број на комплети исти чинии за 100 луѓе заради нашите слави и веселби по дома, кои со многу љубов ги подготвувавме. Но, тешко е да најдете кај да ги сместите.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-03.jpg

Ги обожавам и комодите од орев масивно дрво изработени по мерка и витрини кои се мобилни и стојат врз нив, а сепак може да бидат преместени каде сакате. Тоа беше моја желба за да можам да менувам некогаш доколку посакам.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-05.jpg

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-16.jpg

И така и беше, но верувајте не беше лесна мисија да се разбереме каква да биде линијата, финитурите, немав модел кој го следам, а не сум по вокација архитект за да доловам што сакам, а оревот скап, па потоа изборот на рачки, стакло и што уште не.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-10.jpg

Останатите соби и мебел се спој на квалитет и функционалност. Во спалната соба имаме мултифункционална клупа пред креветот.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-08.jpg

И кога децата беа уште мали се наложи потребата да ја застаклиме терасата која е прекрасна, голема и гледа кон Водно, но додека беше отворена беше најмалку користеното место во домот.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-04.jpg

Беше тешко да се одржува чиста од постојаното дување ветер со многу прашина, а и печеше сонце безмилосно, бидејќи сме јужна страна.

Но, сега претставува омилено катче, мултифункционално каде се сместени два миндери, две големи маси кои може да се трансформираат за различни потреби, една мала помошна библиотека и моите цвеќиња.

Тоа е моето катче за уживање, секогаш кога сум дома задолжително го гледам зајдисонцето, секогаш е различно и поубаво од претходното.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-18.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg