На гости кај Зои Блаж: Стан oд 70m2 на Македонка во планинско гратче во Германија, со мебел од IKEA (фото)
- Детали
- сабота, 03 декември 2022
„Стан тука, во гратчето Зул, многу тешко се наоѓа, буквално нерви изгубивме, но на крај се исплатеше, бидејќи овој стан ни е идеален за нас двајца. Имаме една соба, која е само со плакари, а јас ги обожавам уникатните детали што ги додадов“, споделува Зои Блаж, односно Зорица Матијашич (27) од Скопје за CRNOBELO, за станот во кој живее со сопругот, ракометар.
Зои Блаж, односно Зорица Матијашич (27) од Скопје, по професија мејкап артист, откако стапи во брак со својот сакан, ракометарот Тадеј Матијашич, се пресели во Германија.
Со Тадеј живеат во малото планинско гратче кое се вика Зул, со население од околу 36.000 жители.
Открива дека со сопругот едвај пронашле стан кој можеле да го прилагодат на своите потреби и да го наречат дом.
За уредувањето на нивниот дом, Зои открива за CRNOBELO.com:
„Ова е нашиот прв заеднички дом и заедно го уредувавме целиот од корен.
Кога влеговме во станот беше празен и со шарени ѕидови, едната просторија ја бојадисавме во бело бидејќи најмногу сакаме светол стан, додека два ѕида оставивме во боја, бидејќи не ни пречеа и ни се вклопија во нашите идеи.
Стан тука многу тешко се наоѓа, буквално нерви изгубивме, но на крај се исплатеше, бидејќи овој стан ни е идеален за нас двајца.
Станот има 70 m2, имаме една соба со плакари, спална, дневна соба со трпезарија, кујна, мало ходниче, тоалет и голема тераса.
Мебелот претежно го земавме од JYSK и IKEA .
Јас отсекогаш сум сакала детали, сум си гледала како би го уредила домот и ми беше многу забавно и интересно кога биравме и средувавме.