На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации (фото)
- Детали
- сабота, 26 ноември 2022
„Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на претходниот век - храбра, авангардна, колоритна, апстрактна и експериментална. Ме фасцинираат уникатни декорации, кои некогаш ги создавам сама, па така низ целиот стан имам закачени шарени скулптури“, вели Ангела Стефановска за уредувањето на нејзиниот стан во Скопје за CRNOBELO.com.
Ангела Стефановска, архитект и дизајнер од Скопје, која моментално работи во фирма за внатрешно уредување и архитектура за САД и има свое студио за рачно изработени дрвени скулптури за на ѕид Anngo, живее во стан од 60m2 во скопската населба Капишец.
Нејзиниот стан има навистина впечатлива кујна во тренди нијанса и е финиширан со уникатни декорации.
За уредувањето на нејзиниот стан Ангела споделува за CRNOBELO.com:
„Станот ми е лоциран на 4-ти кат со јужна ориентација и истиот го делам со мојот партнер и нашиот домашен миленик – куче.
Бидејќи работата ми дозволува понекогаш да функционирам „remote“ во домашни услови, па така, често пати домот е и моето работно место, па и работилница во која креирам, бојам сечам и сè останато.
Хаосот кој го оставам понекогаш зад себе не ми пречи, туку живеам со него.
Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на претходниот век – храбра, авангардна, колоритна, апстрактна и експериментална.
Ме фасцинираат уникатни декорации (кои некогаш ги создавам сама, па така низ целиот стан имам закачени шарени скулптури), сакам ведри простори кои со својата леснотија зрачат со позитивна енергија и хармонија, разиграност.