На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило (фото)
Најголемо задоволство ми причинува детската соба на ќерка ми, а се надевам и на неа, и најголемо време поминуваме тука.
Детските соби, според мене, треба да бидат смирувачки и нежни, со пригушени тонови и нијанси, да може детското око полесно да се навикне на местото кое го опкужува наместо да шара по различните бои и палети, како што некогаш важеа правилата за уредување на детска соба.
Па така, неутралните нијанси и дрвото, продолжуваат и во детската соба, каде има можеби премногу елементи на ѕидовите за некој, но сето тоа не изгледа пренатрупано и шарено затоа што сè е во една иста основна боја.
Спалната соба е во целосно бела комбинација, па сигурно веќе е јасно која ми е омилената боја.
Можеби многумина би се согласиле дека е доста монотона, но мене најмногу ме успокојува и ме асоцира на пролет, чистота и свежина.
Тоалетите е најважно да се практични и да имаат некои интересни детали.“