На гости кај Ирена: Стан од 97m2 со ѕид од природен камен, библиотека и лулашка на терасата (фото)
Мој омилен детаљ во кујната е апаратот за кафе, затоа што сум голем љубител на убаво кафе, плус истиот ми е и драг подарок.
Детската соба ја уредувавме неодамна, односно пред да се роди ќеркичката. Тука имаме создадено мало царство, каде што доминираат белата и нежно розовата боја.
Колекцијата од кадифени мечиња во оваа соба е надополнета со закачалка за малите фустанчиња, како и нежни додатоци кои го надополнуваат бебешкото царство.
Стикерот на ѕидот е нешто што најмногу ми се допаѓа и одлично се вклопи во просторот.
Библиотеката е всушност врата која се отвора и одзади се складираат некои работи, што не ни се потребни во секојдневието.
И јас и сопругот сме љубители на читањето книги, па постојано ја дополнуваме нашата библиотека со нови книги.