На гости кај Ивана: Совршена детска соба со тема „шумска бајка“ во куќа во Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 05 март 2022
„Со оглед на тоа што собата е на поткровје и има кос плафон ќе беше голема штета да не ја искористевме највисоката страна за нешто на две нивоа. Композицијата низок кревет и платформата за игра се фокусна точка и наш омилен дел во собата“, вели Ивана Лазаровска од Скопје за уредувањето на собата на нејзината ќеркичка.
Ивана Лазаровска (28), по професија дизајнер за внатрешно уредување, живее со сопругот Кристијан и ќеркичката Мила во семејна куќа во Скопје.
Омилен дел од домот ѝ е детската соба на Мила, која со задоволство ја уредувала.
За CRNOBELO.com Ивана споделува детали од процесот:
„Мора да признаам дека уредувањето на детската соба за мојата ќерка - Мила која моментално е годинка и пол – тодлер , ми е еден од најдрагите проекти на кои сум работела досега.
Главна цел ни беше да креираме простор кој ќе зрачи со ведрина, нежност, светлина и топлина, затоа изборот во однос на колорит и матeријали беа белата боја во комбинација со дрво декорот.
Tоа е една безвременска комбинација, одлична основа за игра со декоративни компоненти кои го градат карактерот на собата.
Изборот на тапетот e нежна шумска бајка со светли колор тонови со цел да се постигне една позитивна околина за детето која смирува, инспирира, буди емпатија и ја поттикнува детската фантазија.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





