На гости кај Виолета: Стан од 75m2 во Скопје со светли тонови и совршена детска соба (фото)
- Детали
- сабота, 25 декември 2021
„Домот е уреден со многу љубов и не случајно преовладуваат повеќе светли и топли тонови. Она што мене ме исполнува и ми е инспирација за уредување на мојот дом е природата и светлината“, раскажува Виолета Ингилизова Миовска (27) од Скопје.
Виолета Ингилизова Миовска (27) по професија дипломиран електро инженер во приватна ИТ компанија во Скопје, сопруга на Дарко и мајка на 1-годишната Миа, со семејството живее во стан од 75m2 во Лисиче.
За уредувањето на станот таа открива за CRNOBELO.com:
„Кога почнавме со уредување на станот со сопругот идејата за целиот ентериер беше наша.
Како извор на инспирација ја користевме платформата Пинтерест.
Домот е уреден со многу љубов и не случајно преовладуваат повеќе светли и топли тонови.
Она што мене ме исполнува и ми е инспирација за уредување на мојот дом е природата и светлината.
Во летниот период поголем дел од денот, особено вечерите, ги поминуваме на балконот.
Обожавам цвеќиња, па летниот период обично балконот ни е исполнет со многу цвеќиња, секако колку дозволува просторот.
Периодот преовладуваат новогодишните декорации во нашиот дом, заради празниците кои следуваат.