На гости кај Тамара: Совршено уреден стан од 96m2 со голема кујна и розови тонови (фото)
Омилено ќоше кое уште со самото купување на станот бев сигурна точно како сакам да изгледа е кујната, која што е голема и пространа, во бела боја со рустични и златни детали.
Бидејќи и двајцата сме гурмани, навистина уживаме во секое мезе, оброк или десерт кој што го приготвуваме.
За спалната соба најважно ни беше да биде во светли тонови и да има голем и удобен кревет.
Моментално сè уште работиме на собата која што е планиранa да биде „walking closet“ (гардеробер) и навистина од секогаш ми била желба да ја имам.
Во спротивност од целиот стан каде што преовладуваат нежни тонови и светлина, тоалетите се со потемни плочки со дрвен ефект и затемнета светлина.“