На гости кај Магдалена: „Топол стан од 50м2 во Дебар Маало со дрвени бохо елементи“
Ако би морала да одберам омилен дел од целиот стан, не би можела да се одлучам за едно нешто.
Но, дефинитивно би спомнала дека големите врати од терасата си го прават своето и светлината му дава посебен шмек на просторот во било кој ден од денот.
Додека го уредував станот, бирав елементи кои би соодветствувале на самиот простор, а сепак кои би биле и практични во секојдневието и кои би донеле топлина.
Омилени ми се деталите коишто се изработени од мајка ми: плетен бохо тепих и подметачи од јута.
Боите што преовладуваат во сите простории се бела и крем, кои испреплетени со дрвените и плетените детали придонесуваат енергијата на станот да биде пријатна и релаксирачка. Со задоволство споделувам фотографии од станот на мојот Инстаграм профил HomeStyle By M.“