На гости каj Боро: Тераса во Скопје од 5m2 во розoво-бела боја, со многу перничиња и свеќи (фото)
- Детали
- сабота, 05 јуни 2021
„Оваа пролет терасата е уредена во розово-бела боја, со многу перници од памучен лен кој дополнително даваат пријатен амбиент... Секако, тука се и плетените ќебињата за во раните утрински или доцните вечерни часови, кога е постудено“, раскажува 41-годишниот Боро од Скопје.
Боро Секуловски (41) живее во одлично уреден стан во Скопје, но омилено катче од него му е терасата.
Внимателно уредена и со многу детали, таа е местото каде сака да се релаксира со шолја кафе или чаша вино.
За уредувањето на неговата тераса тој за CRNOBELO.com вели:
„Терасата на мене и на сопругата ни е едно од омилените места во домот, место каде што го пиеме првото кафе во раните утрински часови.
Вечерите се задолжителни на терасата и тоа фамилијарно-ритуално со сезонско овошје и секако доброто вино е неизбежно.
Кога седите на терасата имате чувство како да сте во некој европски град, барем ние и нашите гости што престојувале на терасата го имаме истото чувство.
Оваа пролет терасата е уредена во розово-бела боја, со многу перници од памучен лен кој дополнително даваат пријатен амбиент.
Секако, тука се и плетените ќебињата за во раните утрински или доцните вечерни часови, кога е постудено.
Еден од најпознатите светски магазини за домашно уредување презема дел од фотографиите од нашата тераса и ги ставија како идеја за пролетно уредување насловени како Think Pink. Погледнете тука под реден број 7.