Совршено уредени мали домови во кои веднаш ќе посакате да се вселите (фото)
- Детали
- среда, 06 јануари 2021
Ако добро го средите просторот, и домот од 20 метри квадратни ќе ви биде сосема доволен, а овие минијатурни куќи го докажуваат тоа.
Обично сите сонуваме за голем и простран дом, па не ни помислуваме колку удобно може да ни биде во нешто многу помало.
Но, постојат многу луѓе кои го сфатиле ова, па се откажуваат од нивните големи куќи и станови и ги заменуваат со домови кои имаат едвај 30 метри квадратни.
Некои ја донесуваат оваа одлука бидејќи сакаат да заштедат, некои бидејќи сакаат да патуваат, а некои бидејќи се грижат за околината и сакаат да намалат со загадувањето.
А, само затоа што овие домови се минијатурни, не значи дека не изгледаат неверојатно.
Во продолжение погледнете осум мали домови кои се толку добро уредени, што веднаш ќе посакате да се вселите во некој од нив:
Од 2017-та, Бела и Спенсер Фишбејн живеат во „дом на тркала“ со нивната ќерка за да ги намалат трошоците, но и за да си го олеснат патувањето низ САД.
Нивниот дом има 27 метри квадратни, но просторот е толку добро организиран, што изгледа многу поголемо.
Зек и Кејти Руиз живеат во шатор од 27 метри квадратни, заедно со нивните синови.
Тие се преселите во 2017-та, сами го направиле шаторот, постојано го реновираат и го опремиле со соларни панели. Шаторот е сместен среде огромна нива настрана од населено место, па семејството никогаш не се грижи за нарушување на приватноста.
Тим и Шенон Соин имаат „дом на тркала“ од 19 метри квадратни, а живеат заедно со нивното синче и две кучиња.
Тие долго време размислувале да купат ваква куќа и во 2014-та конечно го оствариле планот. Парот вели дека живеат многу удобно и дека на овој начин заштедиле многу пари.
Вил, Кристин и нивната ќерка Роам живеат во автобус.
Тие купиле автобус и го реновирале во 2016-та, најмногу бидејќи сакале постојано да патуваат и да живеат како номади. Бидејќи и двајцата се писатели, овој начин на живот навистина им годи.