Совршено уредени мали домови во кои веднаш ќе посакате да се вселите (фото)
Витни и Адам од Калифорнија живеат во мала куќичка од 37 метри квадратни, заедно со нивната ќерка и две кучиња.
Парот вели дека ова е совршениот дом за нив, а поради големината, речиси и да не прават ѓубре – нешто што им било најважно.
Зек и Никол самите го направиле нивниот дом кој наликува на шатор, а целиот проект ги чинел 30.000 долари.
Тие сакале да живеат во Портланд, но кириите им бие премногу скапи, па на крај решиле сами да си го изградат домот.
Марте и Џед се уште еден пар кој живее во автобус, заедно со нивните две деца.
Пред да се преселат, тие сфатиле дека им е „преку глава“ од нивните работни места и големиот дом што ги чинел многу, па решиле да најдат поевтина алтернатива. На крај, купиле автобус и после 18 месеци и 28.000 долари, го претвориле во нивниот дом од соништатa.
И Кристијан и Алексис имаат дом на тркала со кој патуваат низ САД.
Нивната куќичка има 12 метри квадратни, а ентериерот го средиле со дрво и рециклирани материјали. Тие сами ја направиле куќичката во 2014-та, а за целиот проект потрошиле само 15.000 долари.
Спирова С. | Црнобело