На гости кај Драгана Ѓорѓиевска: Совршено уреден стан во Гостивар (фото)
Дел од моите идеи понекогаш ги црпам од безбројните креативни профили на Инстаграм. Се случува мојот сопруг понекогаш да ми донесе од работа (откуп на секундарни суровини) некој многу стар предмет кој на прв поглед се чини дека го прегазило времето, па од тоа јас да креирам нешто ново со свој уникатен дух.
Не можете да ја потрошите креативноста. Колку повеќе ја користите, толку повеќе ја имате.
Најбитното нешто за среќа во домот е да се чувствувате добро кога го напуштате, а уште подобро кога се враќате назад. Велат дека домот е огледало на душата.
Поентата не е да имитираме одреден стил, туку сами да создаваме атмосфера во својот дом. Без разлика колку долго живееме на одредено место, сите ние имаме потреба од мали промени.
Понекогаш е доволно само да ги разместиме истите предмети и да добиеме нешто што ќе ни се допадне. Јас често го правам ова и многу ме исполнува.
Често пати добивам прашања од моите пријатели како успевам во сето ова и покрај многубројните секојдневни обврски, а и со оглед дека дома имам двајца мали палавковци. Мојот одговор на ова е дека јас баш уживам во тоа. Мене тоа ме исполнува.
Мој совет е да не се плашите да направите ново. Пуштете ја својата имагинација и извлечете максимум од просторот во кој живеете.
Уште фотографии од домот на Драгана:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело