На гости кај Драгана Ѓорѓиевска: Совршено уреден стан во Гостивар (фото)

И покрај тоа што има 2 дечиња домот на 30-годишната Драгана изгледа беспрекорно, владеат неутрални тонови, секој детаљ е на свое место, а таа со својата креативност на старите предмети им дава нов живот.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-01.jpg

Драгана Ѓорѓиевска e креативна 30-годишна девојка која живее во Гостивар. Нејзиниот стан е уреден со многу љубов и внимание, а посветеноста на деталите јасно се гледа и од фотографиите.

Драгана има завршено Педагошки факултет, но уредувањето на ентериерот ѝ е хоби во кое е вљубена.

За CRNOBELO.com открива детали за уредувањето на нејзиниот стан од 83м2:

„Домот треба да биде место кое ви дава безусловна љубов, среќа, удобност и хармонија. Уште од најрана возраст во мене беше вткаена креативноста и интересот за создавање на нешто ново со некоја вредност.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-11.jpg

Кога човек е опкружен со убави мисли и позитивна енергија, секогаш од тоа произлегува некоја убава творба. Креативноста е сè она што го носите во себе, а го изразувате на површина.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-03.jpg

Јас ја сфаќам како спој на убавото во мислите. Сакам да сликам, убаво се чувствувам кога го правам тоа. Отсекогаш ме исполнувало да творам нешто. Од мала, од ништо правев нешто, а исто  и сега.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-13.jpg

Ми годи естетиката и сѐ она што ме опкружува мене во домот. Креативноста е заразна и се пренесува на сите.

Многу ми е драго што добивам позитивни коментари  за уредувањето на мојот стан од мои пријатели, дел познати, а дел стекнати преку мојот профил на Инстаграм @gagagjorgjievska. Така мојата имагинација се пренесува и кај моите следбеници.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-09.jpg

Она што мене лично ме исполнува и ми е главна инспирација за уредување на мојот дом е природата и светлината.

Да не го изоставам и скандинавскиот стил. Тој ми е љубов на прв поглед. Може да се забележи дека доминираат светли неутрални тонови. Секое катче зрачи со смиреност и топлина.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-12.jpg

За да ние самите убаво се чувствуваме во нашиот дом, сметам дека е многу битно секогаш да биде прозрачно, пријатно и смирено.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-10.jpg

Да не ги заборавам и моите балкони каде што уживам додека го пијам моето прво утринско кафе. Тука не изостануваат и моите цвеќиња кои го надополнуваат убавиот амбиент. Тие им даваат комплетна свежина. 

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-04.jpg

Не мора да значи дека секогаш предметите кои ги купуваме треба да се скапи за да домот ни изгледа убаво. Кај мене можат да се забележат многубројни DIY проекти кои ги изработувам со мојот татко. Морам да го пофалам.

na-gosti-kaj-dragana-gjorgjievska-sovrsheno-ureden-stan-vo-gostivar-foto-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Ивана во Скопје: Стан од 76m2 реновиран од корен, со розови детали и тераса како градин... „Омилен детаљ ми се фотографиите од Михаил Корубин кои со нивниот колорит даваат...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg