Дом што зрачи со смиреност: На гости кај Магдалена Костовска од Скопје (фото)
Не можам да си замислам да живеам без балкон, па можам да кажам дека тој простор ми е омиленото катче, иако уште не е во неговата финална верзија. Голем дел од времето го поминувам таму, во друштво на моите растенија, цвеќиња, кактуси, сукуленти и сл.
Љубовта кон убавите ентериери ме поттикна да ги документирам сите фази од уредувањето на новиот дом преку мојот Инстаграм профил @magicinmyhome. Таму меѓусебно се инспирираме со луѓе со слични интереси и многу ми е мило што си пронајдов начин да го прикажам сето она што го сакам и ме исполнува.
Така го започнав и #homedecormacedonia, што моментално брои повеќе од 900 инспиративни слики од убаво уредени домови во нашата земја.
Иако живееме овде речиси 2 години, не се завршени сите простории, а и домот никогаш не треба да биде целосно завршен. Секогаш треба да има простор за нови убави идеи – сè во свое време.“
Во домот на Магдалена:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело