Минијатурен дом – најубавата куќичка на светот има само 14 м2 (фото)
- Детали
- недела, 18 август 2019
Откако поминала 3 години во срцето на Мелбурн, Австралија, Доли едноставно одлучила да побегне од градскиот метеж и ја изградила својата куќичка од соништата со помош на една мала приколка.
Овој минијатурен дом наликува на куќичка за кукли, но бидете сигурни дека не станува збор за никаква играчка, туку за практичен дом уреден во многу љубов и стил.
Малата куќа на тркалца е совршен пример дека сè е можно доколку вистински се сака, и дека 14 м2 се сосема доволни за сите ваши потреби.
Доли самата го дизајнирала функционалниот дом со скали коишто водат до просторот за спиење.
Под скалите има скриен простор за складирање, додека на долниот кат од куќичката има мала кујна и уникатен тоалет. Целиот дом е адаптиран за висината на Доли, па има доволно простор, дури и за вежбање јога.
Малата и практична кујна е направена со одлична комбинација на бои и интересни декорации надополнети со многу природни билки и растенија, што го прават домот уште пошармантен.
Кој вели дека не можете да пронајдете нирвана во само 14 м2? Погледнете го минијатурниот дом на Доли:
(О)Милена | Црнобело