Ѕирнете во најскапата куќа во Њујорк: Се продава за 175 милиони долари
- Детали
- четврток, 07 септември 2017
Во Њујорк отсекогаш се продавале имоти кои достигнувале вртоглави суми на пазарот.
Оваа куќа, која се наоѓа во луксузната населба Хемптонс, во близина на Њујорк е моментално најскапата куќа за продажба во оваа околина.
Цената изнесува неверојатни 175 милиони долари. Во простор од 1858 метри квадратни, распоредени се 12 спални соби, пространа дневна соба, кујна, трпезарија и 12 тоалети.
Луксузно опремена, со шик детали и камин направен од мермер, оваа куќа е еден од најубавите имоти во Америка.
Во дворот има голем базен, тениски терен и патека која ја поврзува куќата со приватна плажа.
Ѕирнете како изгледа оваа прекрасна куќа низ фотографиите во продолжение:
М. В. | Црнобело